среда, 2. декември 2020. Вести денес: 59
home Познати

Свекорот му е во затвор, баџанакот пронајден мртов, дедо му вмешан во трговија со дрога- сега се е јасно зошто Бејл ја откажа свадбата

Свекорот му е во затвор, баџанакот пронајден мртов, дедо му вмешан во трговија со дрога- сега се е јасно зошто Бејл ја откажа свадбата

Фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл е присилен да ја одложи венчавката со својата свршеница Ема Рис Џонс, поради семејни проблеми.

Венчавката наводно е откажана тврди британскиот весник „Сан“ поради тоа што парот има многу семејни проблеми оваа година.

Бејл и Ема планирале раскошна свадба во древниот замок во Тоскана во Италија, најавена беше и настапот на американската мега ѕвезда Бијонсе, но поради сплет на околности кои оваа година се случија фудбалерот бил присилен да ја откаже прославата.

Еден од главните проблеми е таткото на Ема кој неодамна излегол од затвор. Неговата ќерка наводно сака да се смири со својот татко кој шест години ги поминал во затвор откако претходно ги мамел луѓето за пари и вкупно им украл близу три милиони долари.

Проблеми со законите во Велс нема само нејзиниот татко, членовите на нејзиното семејство се познати по аферата во која исчезна куфер со 850 илјади евра од трговија на дрога. Освен тоа автомобилите на нејзините баба, дедо и тетка се запалени од непознати лица во 2016 година, откако ги посипале со бензин во куќата на нејзината тетка.

-Тоа беше тежок период, особено за Ема која е свршеница на познат фудбалер. Некои од роднините знаат дека не се поканети на свадбата поради овие факти, вели близок извор до семејството.

Но во екот на подготовките на свадбената церемонија Ема ја потресе и страшна вест поврзана со зетот од нејзината сестра- пронајден е мртов.

Наводно тој се убил во моментот додека бил под истрага од социјалните служби за старателство над децата. По ова Ема се вратила во Шпанија да ја утеши својата сестра која неодамна се породила.

Поради сите овие непредвидени работи парот одлучил да ја откаже свадбата, инаку тие веќе имаат три деца.

Најнови вести

Коронавирус