среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 179
home Познати

Свадба со ќерката како главна гостинка: Македонската новинарка се омажи во нетипична креација (ФОТО)

Свадба со ќерката како главна гостинка: Македонската новинарка се омажи во нетипична креација (ФОТО)

Новинарката Нашата Мерсовска и нејзиниот партнер Александар Ристовски минатиот викенд направија свадба и црковна венчавка. Главна гостинка на забавата беше нивната ќерка Каја, која има девет ипол месеци, пренесува Женски магазин.

Уште еден убав повод за веселбата била крштевката на Каја, која Мерсовска и нејзиниот партнер решиле да ја направат на истиот ден со свадбата.

„Заврши свадбата, а ние два дена се опоравуваме. Мислам дека беше одлична журка, музиката и коктелите ептен завршија работа. Гостите си поминале добро, а ние уште подобро. На почетокок сакавме да биде само крштевка, но бидејќи и ние не бевме венчани, решивме бракот да го озваничиме и пред Бога па потоа да се собереме со најблиските и да прославиме“, раскажа уредничката на бизнис вестите на „Сител“ за Женски магазин.

Она што со што таа привлече вмимание на свадбата е уникатната и нетипична креација, блуза со цветови и пантолони.

Најнови вести

Локални избори 2021