понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 141
home Познати

Сузана Турунџиева со тажна објава за прерано починатиот сопруг: На еден татко на небото денеска му е роденден (ФОТО)

Сузана Турунџиева со тажна објава за прерано починатиот сопруг: На еден татко на небото денеска му е роденден (ФОТО)

За Сузана Турунџиева денес (23.09) е посебен ден, кој веќе години наназад ѝ причинува болка затоа што ја потсетува на огромната загуба што ја доживеа. Денес е роденден на нејзиниот прерано починат партнер Марјан, со кого ја има ќерката Матеа.

На својот Инстаграм профил таа на никогаш прежалениот Марјан му посвети емотивна објава: „На еден татко на небото денес му е роденден. Нека е вечен споменот за сите прекрасни луѓе кои живеат во нашите спомени“.

Инаку, во јули се навршија 5 години од неговата смрт, а таа тогаш само кусо напиша: „Што да напишам, а што веќе не сум напишала? 5 години“, со низа тажни емотикони.

Сузана во 2016 година објави и книга посветена на нејзиниот сакан со наслов „Не вели збогум“.

Локални избори 2021