четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 82
home Познати

Сузана Турунџиева со болно сеќавање сподели семејна фотографија: „Заборавот не ти може ништо бато…“ (ФОТО)

Сузана Турунџиева со болно сеќавање сподели семејна фотографија: „Заборавот не ти може ништо бато…“ (ФОТО)

Ако не кој гледа отстрана ќе си рече дека на Сузана Турунџиева животот во последно време и носи саде радости, среќа и убавини… Неодамна ја омажи поголемата ќерка Лора, па прво стана баба на зетот, а од скоро и баба на своето внуче, работи како амбасадор за грижа на корисници кај една од најпознатите македонски фирми за продажба на бренд рачни часовници, води сопствена емисија на „1ТВ“, а од скоро е и официјален ПР на еден од првите приватни универзитети кај нас.

И навидум тоа навистина е така. Но Турунџиева длабоко во себе крие огромна тага, која во душата ја носи како бреме од минатото, во кое животот воопшто не ја галеше, та судбината ја шибаше со сета своја сила, задавајќи и ги најболните удари.

Неуспешниот брак со Маленко, смртта на нејзиниот татко, ненадејната смрт на нејзиниот брат, па истата кобна судбина и на нејзиниот втор сопруг… И иако после сите овие животни премрежја и бури сонцето за неа изгреа, сепак Турунџиева не ги заборавила и веројатно никогаш и нема да ги заборави тешките и траорни моменти во својот живот.

Токму на еден таков се присети  на денот на неговиот роденден… Роденденот на нејзиниот прерано, трагично починат брат, кој животот го загубил на 36 годишна возраст работејќи во Канада, откако најпрвин бил киднапиран, па убиен под неразјаснети околности, кои семејството никогаш не ги дознало и до крај не биле расветлени.

„Заборавот не ти може ништо бато… Твоето отсуство е поприсутно од присуството на многумина… Среќа и гордост е што беше наш и што бевме твои… Да сакаше судбината поинаку денес ќе ти речев : Среќен роденден бато, ама веќе 18 години ти си отсутен на твоите родендени… Нека е вечен споменот за тебе“ – напишала Турунџиева во својот пост покрај семејната фотографија од раното детство на која се таа и нејзиниот брат Панде.

Едноставно, некои работи никогаш не се забораваат и остануваат засекогаш во нас и нашите срца… Спомените за најблиските се вечни!

Најнови вести