петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Сузана Гавазова подарува фустани – Еве што треба да направите за да добиете

Сузана Гавазова подарува фустани – Еве што треба да направите за да добиете

Познатата фолк пејачка Сузана Гавазова важи за личност која постојано е средена од глава до пети и за човек кој секогаш ги прати модните трендови. Овој пак таа на социјалните мрежи реши да направи еден хуман гест, токму со нејзините парчиња облека.

Имено, таа одлучи да подари 6 фустани кои имаат посебно значење за неа.

Таа ги објави и правилата на играта.

„Овие прекрасни фустани кои се од посебно значење за мене ги подарувам на шест различни добитнички по случаен избор.

Се што треба да направите:

Следете ме на фејсбук и инстаграм @suzanagavazova
Лајкнете го постот и тагирајте ги вашите најблиски во коментар
Шерувајте го овој пост

Добитничките ќе бидат лично контактирани и објавени на фан страната. Наградната игра ќе трае до петок 23.10 до тогаш ви посакувам СРЕЌА и ви праќам бакнежи, напиша пејачката на социјалните мрежи.“

Нејзините ФБ пријатели веднаш побрзаа да означат некој за да добие фустан. Некои од нив го пофалија овој гест на пејачката велејќи дека оној кој дава му се враќа и дека е ова прекрасен гест од неа, а некои и предложија следната година да размисли да подари фустани за матура, па пејачката одговори дека ќе размисли и за тоа.

„Прекрасни се Сузе фустаните, да си жива и здрава“, „Сузе фустаните се убави како што си ти убава, ти посакувам се најдобро, пред се многу здравје, среќа, успеси во иднина и од Бога благословена“.

Коронавирус