петок, 25. септември 2020. Вести денес: 60
home Познати

Страсни бакнежи и заљубени погледи: Кејти во врска со млад готвач

Страсни бакнежи и заљубени погледи: Кејти во врска со млад готвач

Актерка Кејти Холмс, по пропаднатиот брак со холивудската легенда Том Круз,и по пропадната долгогодишна тајна врска со актерот Џејми Фокс, сега има нова љубов.

Судејќи според најновите папарацо фотографии, снимени во ресторанот „Peasant“ на Менхетен во неделата вечерта, 41-годишната Кејти има причина за среќа. Она што досега се шпекулираше сега е и потврдено, насмевката на лицето ѝ ја врати 33-годишниот готвач Емилио Витоло помладиот, кому му седнала во скутот во ресторанот пред да разменат неколку страстни бакнежи.

Шпекулациите на нивната врска беа поттикнати од неодамнешните фотографии на кои се уловени Кејти и Емилио. На фотографии Кејти цело време е насмеана и вљубено гледа во Емилио.

Емилио е наследник на угледно италијанско семејство и неговиот татко Емилио Витоло постариот, е сопственик на ресторанот „Емилио Балато“ од раните 90-ти години, кој е омилено место на славните личности.

Коронавирус