четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

Страотна смрт на 24 години: Телото на риалити ѕвездата пронајдено на дното на водопад

Страотна смрт на 24 години: Телото на риалити ѕвездата пронајдено на дното на водопад

Телото на британската реалити ѕвезда Џои Тилеј е пронајдено во Колумбија, на дното на водопадот Фин дел Мундо, недела дена по неговото исчезнување, а оваа вест ја потврди и неговиот пријател.

-Телото на Џои е пронајдено во саботата во 11.30 по локално време. Спасувачката екипа која го бараше претпоставуваше дека паднал, напиша неговиот пријател на социјалните мрежи и додаде дека семејството моли за помош за да може неговото тело од Колумбија да го пренесат во татковината.

Претставник на Министерството за надворешни работи рече дека се во постојан контакт со семејството на настраданата реалити ѕвезда и дека им помагаат во се.

Џои често патуваше и на патувањата снимаше документарци.

Коронавирус