четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Познати

Странците објавија колку милиони е „тешка“ Лепа Брена

Странците објавија колку милиони е „тешка“ Лепа Брена

Лепа Брена се најде на познатата страница „ Celebrity net worth“ која се занимава со финансии на големи ѕвезди, односно колку се „тешки“.

Така, богатството на популарната пејачка на оваа странска страница се проценува на дури 16 милиони долари, или 13,7 милиони евра.

Според нив, Фахрета Живојновиќ е најпродаваната уметничка во поранешна Југославија со продадени над 40 милиони плочи.

– Фахрета Живојиновиќ е југословенска пејачка, актерка и менаџер за таленти која има вредност од 16 милиони долари. Родена е во Тузла во октомври 1960 година. Таа е најпродаваната авторка од Југославија со продадени над 40 милиони плочи, се вели на веб-страницата.

Не е познато по што се воделе при собирање податоци за Брена и нејзиното богатство, со оглед на тоа што не се споменуваше приватна деловна активност, ниту продажбата на Гранд од која Брена собра доби сума пари.

Во таа насока, оваа бројка не мора да биде точна, бидејќи Брена може да има многу поголема сума од онаа што ја заработи од почетокот на нејзината кариера до денес.

Коронавирус