четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 47
home Познати

Столе Димитриевски е под стрес: Еве кој го ослободува од стресот голманот на македонската фудбалска репрезентација (ФОТО)

Столе Димитриевски е под стрес: Еве кој го ослободува од стресот голманот на македонската фудбалска репрезентација (ФОТО)

Столе Димитриевски добро го чуваше голот на Македонија… Се’ до последниот квалификациски натпревар од Лигата на нации со Ерменија каде доживеавме дебакл од 4:0. Столе не се прослави… Напротив! Прими неколку „пацерски голови“, особено првиот, што ни почетник што прв пат застанува на голот не би го примил! Ама ете, Столе го прими! И сега е под стрес! И тоа голем!

Откако се пресели од шпанскиот второлигаш Гимнастик – Тарагона во  прволигашот Рајо Ваљекано, не заигра во „Ла Лига“. Го загуби и местото на голот во првиот тим, ама и формата. Таму Столе ја грее клупата… Очигледно тоа му се одрази и на репрезентативните настапи, па лесно може да се случи селекторот Ангеловски да одлучи Димитриевски да ја грее и репрезентативната. Затоа Столе е под стрес… Така покажува и стерес – метарот на неговиот мобилен. Стресот на стотка! Впрочем и самиот тоа го признава…

Она што не го признава е како македонскиот голман се ослободува од стресот. Или поточно, кој тоа го ослободува од стресот и како?

Арно ама ние откривме кој тоа на Столе му помага да се ослободи од стресот, му го крева моралот и му влева самодоверба за следните натпревари. И во клубот и во репрезентацијата. За да биде поголема сатисфакцијата… И нејзината и на нацијата!

Таа е шармантна и привлечна русокоса со симпатична насмевка која освојува на прва. Веројатно на тоа падна и Столе.

Се потпишува како Лори и подготвена се’ да стори нашиот Столе да го врати во вистинската форма. Така ќе бидеме среќни сите: и тој и таа и ние!

Само мала молба до убавата Лори: Да внимава да не го премори, па нашиот голман одново „да прегори“… меѓу стативите, секако!

Вистина.мк

Најнови вести

Локални избори 2021