недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Познати

Стинг се враќа во Скопје

Стинг се враќа во Скопје

По рекордно брзо распродадедното шоу што се одржа во ВИП арената на 15.10.2017 (во рамките на турнејата „57th & 9th“), Стинг се враќа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена „Филип Втори“.

Во рамките на турнејата „My songs“, која во суштина претставува турнеја со најдоброто од Стинг, музичарот ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на „Полис“ (The Police) и од неговата соло-кариера.

„Englishman In New York“, „Fields Of Gold“, „Shape Of My Heart“, „Every Breath You Take“, „Roxanne“, „Message In A Bottle“… се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат, во изведба на една од најголемите рок-ѕвезди на светот на сите времиња.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба оваа среда (19 декември).