петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 163
home Познати

Стефан Живојиновиќ го напушти семејниот дом, а на мама Брена и е важно само едно!

Стефан Живојиновиќ го напушти семејниот дом, а на мама Брена и е важно само едно!

Младиот пејач, син на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ, зборуваше за самостојно живеење и истакна дека не му било тешко да го напушти семејниот дом затоа што бил навикнат да живее сам во Америка.

Откако се вратил во Србија, тој си го средил сопствениот простор за живеење според личен вкус и мерка, а познатата мама Брена смета дека енергијата на неговиот дом е како што треба.

– Мама секогаш гледа дали има добра енергија во станот. Навистина има душа овој дом, баш како што треба – откри тој за српски „Блиц“ и додаде:

– Јас сум навикнат да живеам сам во Америка и тоа е одлично. Кога се вратив во Србија, колку и да има многу соби и квадрати во куќата, ми беше потешко да се прилагодувам затоа што бев навикнат на мојата приватност. Претежно јас уредував сè. Не ставив премногу детали, тоа е начин за залудно трошење пари за мене. Од суштинско значење е тоа што има некоја убава енергија. Пријателите честопати доаѓаат кај мене, има тука и уште некоја спална соба, така што некој останува и да спие “, рече Стефан, објаснувајќи дека најдобро опремена е кујната каде ужива да организира седенка за своите гости.

Коронавирус