недела, 9. август 2020. Вести денес: 90
home Познати

Станија се соблече: Помало бикини не сте виделе… исто како да го нема! (ФОТО)

Станија се соблече: Помало бикини не сте виделе… исто како да го нема! (ФОТО)

Станија Добројевиќ одново се разголе. Ништо ново, ќе рече некој кога е најпознатата српска старлета во прашање. Во недостаток на можности да замине некаде на море, старлетата замина на одмор на Фрушка Гора, па покажа дека и среде лето на планина, може да предизвика лавина… Се разбира, лавина од коментари и комплименти, желби, воздишки и копнежи „по оние миоменти“, кои секој вистински маж штом ја види Станија, ги доживува во својата еротска фантазија.

На планина нема море, ама затоа има базен, па старлетата речиси целиот ден наместо крај морето на брегот, го мина токму во базенот. Само што се појави, веднаш на себе ги привлече влажните машки погледи, кои и немаше многу потреба да ја „соблекуваат со поглед“, зашто Станија се појави… речиси гола.

Во минијатурно црно бикини, толку мало, што помало не сте виделе… Исто како да го нема! Како да не носи ништо на себе, зашто грстот крпчиња и врвки не покриваа речиси ништо на нејзиното вајано тело, кое цело беше сервирано на тацна на заплените кибицери!

А кога е Станија во прашање возбудата со ништо не се мери, зашто она што старлетата умее да го сервира во ваква пригода, предизвикува и најиздржливото машко да „експлодира“… од возбуда!

Извајаната заоблена задница, кога старлетата е свртена со грб или лежи на стомак, на работ од базенот…

…Или бујната силиконска предница, која не дава убавицата да потоне во водата, облеана од бистрите сончеви зраци на денот, ја прават толку привлечна и примамлива, што не случајно каде и да се појави, Станија е секогаш пожелна и заводлива, како ретко која друга.

Коронавирус