петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 156
home Познати

Станија се сликаше како гола бабамразица: Го крие од јавноста, но папараците открија со кого е во шема, сексапилната стралета (ВИДЕО)

Станија се сликаше како гола бабамразица: Го крие од јавноста, но папараците открија со кого е во шема, сексапилната стралета (ВИДЕО)

Најпознатата српска старлета Станија Добројевиќ не престанува да ги бомбардира социјалните мрежи со разгоклени фотографии. Една од последните е она, како секси бабамразица, која додека разголена клечејќи прави селфи напозната машка рака ја милува по главчето.

Старлетата иако  не сакаше да признае дека се смирила со црногорскиот модел Марко Марковиќ, папарацо тимот на српски „Ало!“ ги улови во Нови Сад, додека разменуваше нежности пред нејзиниот автомобил. Како што изјави извор близок на старлетата, главната причина зошто сакаше да ја скрие својата врска од медиумите и јавноста, е тоа што во последно време има непријатности со неколку опседнати обожаватели кои ја демнат и постојано ја следат.

Папараците ги фотографирааСтанија и нејзината посилна половина кога тие двајца се враќале од теретана кон станот, а на патот кон дома застанале пред локалната продавница, за да може Марковиќ да купи храна и намирници.

Марко излегол од белиот џип за кратко, а тоа го уловија папараците, а малку потоа ја фатија во кадар и Станија, која едвај чекаше да падне во неговите прегратки.

„Двајцата буквално не се разделуваат, дури и тренираат заедно. По враќањето од теретаната, тие секогаш одат на пазар или во продавница каде купуваат здрави намирници за да подготват вечера, а за тоа главно е задолжен Марко, бидејќи Станија ретко има мир. Хаос е каде и да се појави!“ – вели извор близок до двојката за „Ало!“.

Инаку, како што кружат гласини во Нови Сад, неколку опседнати обожаватели не престануваат да ја следат вљубената двојка,  и ги следат во чекор секогаш кога тие двајца ќе ја напуштат зградата и ќе заминат некаде.

Коронавирус