петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 128
home Познати

Станија разголена како секси бабамразица раскажа како ја доживеа 2020-та и што во очекува во новата година: „Пред олтар во 2021-ва… може, зошто да не, само…“? (ВИДЕО)

Станија разголена како секси бабамразица раскажа како ја доживеа 2020-та и што во очекува во новата година: „Пред олтар во 2021-ва… може, зошто да не, само…“? (ВИДЕО)

Најпознатата српска, па и регионална старлета, риаалити sвездата и модел Станија Добројевиќ имаше исклучително бурна и успешна година, од љубовен бродолом, деловен успех, карантин по враќањето од Америка, а непосредно пред крајот на 2020 година успеа да ја обнови и романсата со поранешниот љубовник Марко Марковиќ. Станија одговори на некои прашања и ја сумираше годината што ја испраќаме и ги откри плановите за следната, а нив и ги постави  токму Марко.

„Оваа година ми одзеде многу, како и на многумина, заради несреќите што ни се случија и тоа што не можев да патувам. И она што ми донесе добро, е тоа што таа ме врати кај моето семејство, на вистински вредности. Купив и пентхаус во Србија. Имам причина да се гордеам, станав заштитно лице, имаше убави работи.

Најтешко ми беше кога бев заробена во карантин, 28 дена, имаше моменти во Турција, кога бев заглавена во хотел, но имав доволно пари, па можев да останам таму. Јас дури и не го познавав градот, дуќаните се затвораа … За среќа, се’ заврши добро.

Годинава плачев повеќе отколку што се смеев. Беше таква година, повеќе плачев.

Јас својот љубовен живот го чувам само за себе, фактот дека ќе ме уловат таму-ваму, не значи дека нешто е официјално. Затоа и најубавите работи ги чувам само за себе“ – одговори Станија, на што Марко додаде дека не и го прочитал целото прашање кое гласи:

„Дали следната година би сакала да застанеш пред олтар и станеш мајка, односно добиеш бебе?“

„Би сакала, зошто да не, но… полека!“ – резимираше Станија!

Коронавирус