понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 33
home Познати

Српските рапери нападнати во Скопје: Дел од фановите со часови седеа под нивната тераса, а дел се качија во нивниот автомобил (ФОТО)

Српските рапери нападнати во Скопје: Дел од фановите со часови седеа под нивната тераса, а дел се качија во нивниот автомобил (ФОТО)

Познатите српски рапери Буба Корели и Јала Брат вчеравечер ја забавуваа скопската публика во едена позната дискотека.

Пејачите пристигнаа во Скопје од Охрид каде исто така имаа настап, но она што никогаш нема да го заборават во Скопје се фановите кои буквално ги демнеа насекаде во градот.

Па така пејачите ставија две видеа на своите Инстаграм профили каде се гледа како фановите сакаат да се фотографираат со нив.

Буба Корели сподели видео после настапот каде во неговиот автомобил се качиле две скопјанки кои сакале да се сликаат со него, додека Јала Брат сподели видео од пред хотелот во кои биле сместени каде деца ги чекаат пејачите да се сликаат со нив.