четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 50
home Познати

Српските медиуми објавија дека Ана пијана завршила во болница, пејачката се огласи со една порака

Српските медиуми објавија дека Ана пијана завршила во болница, пејачката се огласи со една порака

Српските портали беа преплавени со вести дека поп-ѕвездата Ана Николиќ завршила во болница затоа што, наводно, претерала со алкохолот, што и е забрането, бидејќи имала операција на желудникот.

Оваа вест ги загрижи некои од членовите на семејството на славната пејачка, па таа одлучи да се огласи и да ја каже својата страна на приказната.

-Ако баба ми повторно ме повика да ме праша дали навистина завршив во болницата, ако повторно ја вознемирувате баба ми, ќе се видиме на суд! Престанете со будалаштини – напиша пејачката на својот профил на Инстаграм.

Изминатиот период неколкупати се појавија шпекулации дека Николиќ неколкупати завршила во болница поради влошено здрвје, а една од случките наводно била на аеродром во Дубаи.

Коронавирус