вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 77
home Познати

Српскиот пејач се огласи по страшната сообраќајна на синот во Германија: Мислев дека сонувам лош сон, но вистина е… (ФОТО)

Српскиот пејач се огласи по страшната сообраќајна на синот во Германија: Мислев дека сонувам лош сон, но вистина е… (ФОТО)

Синот на српскиот фолк пејач Халид Муслимовиќ доживеа сообраќајна несреќа во Германија, а за среќа Енис и неговиот другар останале со полесни повреди додека автомобилот бил смачкан.

Откако синот му се јавил на својот татко тој мислел дека станува збор за лош сон.

-Син ми се јави и ми рече дека имал сообраќајна несреќа, прво помислив дека сонувам. Ми рече дека е полесно повреден, но кога ми прати фотографија од смачканиот автомобил нозете ми се пресекоа од страв. На никого не му е јасно како тие двајца преживеаја, фала му на Бога што ми го сочува синот, вели Муслимовиќ за српскиот портал „Ало“.