Српскиот актер Петар Бенчина, кого јавноста го памети по улогата во серијата „Погрешниот човек“, воодушеви со начинот на кој ги поддржа жените жртви на насилство.
-Кој ќе ги допре нашите сестри, нè допира сите нас. Поддршка и љубов кон Ива и Милена и другите девојки. Вие не сте сами, напиша Бенчина покрај фотографијата на која тој држи хартија со натпис “Не сте сами”.
View this post on Instagram
Потсетуваме, на сопственикот и раководителот на школата за глума во Белград, Мирослав Алексиќ, му беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена, откако неколку поранешни студенти го обвинија за силување, сексуално злоставување и блудни дела.