четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Познати

Српската водителка на која автобус ѝ ја откина раката е повторно оперирана- и понатаму води битка да закрепне

Српската водителка на која автобус ѝ ја откина раката е повторно оперирана- и понатаму води битка да закрепне

Водителката на „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ успешно води битка со здравјето уште од месец февруари, кога ја удри автобус и ја откина раката.

Откако здравствената состојба и беше стабилизирана, деновиве повторно и направиле операција.

Како што пренесува „Блиц“, операцијата била тешка и траела неколку часа, а според прогнозите поминала добро.

Крајниот резултат ќе се знае кога ќе помине одредено време.

„Големиот стручен тим направи сложена операција. Тие морале нерот од ногата на Деа да го преседат во повредената рака за да можат да ја вратат раката во функција“ вели добро известен извор.

Исто така, Деа требаше да гостува во емисијата кај „Амиџи шоу“, но поради здравствените проблеми не се појави.