среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 116
home Познати

Српската пејачка без влакна на јазикот призна на 60 години: Најмногу сакам секс без обврска, а во 2020 сакам маж кој ќе ме раздрма

Српската пејачка без влакна на јазикот призна на 60 години: Најмногу сакам секс без обврска, а во 2020 сакам маж кој ќе ме раздрма

Српската пејачка Злата Петровиќ сумирајќи ги впечатоците од изминатата година, отворено му порача на Дедо Мраз да и донесе маж кој ќе ја „раздрма“.

-Ништо не кријам, во моментов немам никој до себе, а од 2020 барам да ми донесе некој во животот за да ме „здрма“. Поднесов тежок климакс, кој не го преживеав рано, туку сега. Се менува организмот, се се менува. Имав духовен немир, но за среќа сама на себе сум си најдобар психолог па сега сум добро.

Добро ја платив својата слобода, а покрај децата, семејството и пријателите, најмногу сакам секс без обврска.

Топла прегратка наоѓам кај пријателките, децата и тоа не ми треба од маж. Од него барам да ме стресе емотивно и да ме размрда, да донесе бура, не мир, мирот доаѓа подоцна- вели пејачката.

Фаталната црнка вели дека имала се и помлади и постари и женети.

-кога и да сакам да се смирам и да останам со една личност не ми оди, премногу ја сакам слободата. Животот е еден и треба да се живее, рекла таа.
Петровиќ нагласила и дека со бившите двајца сопрузи останала добра пријателка.

Коронавирус