понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 83
home Познати

Сподели приватен момент: Јана Бурче позираше со Дона и Дарин (фото)

Сподели приватен момент: Јана Бурче позираше со Дона и Дарин (фото)

Младата пејачка и ТВ водителка на музичката емисија „Стисни плеј“, Јана Бурческа кон крајот на месец јули стана мајка по вторпат и на свет го донесе синот Дарин.

Веруваме дека во домот на Бурче владее топлина и љубов, а како мама, така и малата Дона ужива во друштвото на своето братче.

Иако, Јана беше запросена пред милионски аудиториум односно кога ја претставуаше Македонија на Евровизија, нејзиниот сакан ја побара за жена, таа не е премногу активна на социјалните мрежи.

На Инстаграм не може секојдневно да се видат фотографии и не го експонира многу нејзиниот приватен живот.

Меѓутоа, одвреме – навреме Бурче знае да направи исклучок. Така беше и овојпат кога објави фотографија на која позира заедно со своите наследници.

Имено, таа позираше од Козјак со својата тригодишна ќерка Дона и неколку месечното синче Дарин и покажа колку потпораснале.

Под објавата се нижеа позитивни коментари, а следбениците најчесто оставија срценца во знак на љубов.

Локални избори 2021