среда, 2. декември 2020. Вести денес: 13
home Познати

Соседот на Сузана Манчиќ открива дека таа редовно позајмува јајца и брашно и постојано нешто и недостасува

Соседот на Сузана Манчиќ открива дека таа редовно позајмува јајца и брашно и постојано нешто и недостасува

Водителката Сузана Манчиќ живее во срцето на Белград, а минувачите често ја среќаваат како шета во околните паркови. Нејзините соседи ја сакаат и имаат директна и срдечна врска со неа.

Соседот на Сузана, Владо, вели дека тие се познаваат со години, како и дека уживаат во времето што го поминуваат додека се дружат.

– Сузана е навистина одличен сосед, ја обожавам. Таа е прекрасна. Понекогаш тропа на вратата, доаѓа по јајца и брашно кога готви нешто, па и фали, но секогаш се враќа двојно. Немам ништо лошо да кажам за неа, таа е брилијантна, секогаш насмеана – раскажува Владо.

Постариот г-дин Боро вели дека ја познава популарната водителка уште од млада возраст, како и дека уште тогаш важи за голема дама.

– Се сеќавам на Сузана од многу одамна, јас сум роден белградски граѓанин и ја паметам од овие улици. Таа се пресели во оваа населба многу одамна, некаде во седумдесеттите години. Отсекогаш била дама, нашминкана, негувана и средена, дури и кога пазари. Порано се занимавав со пеење, а таа доаѓаше редовно. Ќерките ја наследија нејзината убавина, а јас ги запознав кога дојдоа, завршува соседот за еден српски медиум.

извор: vistina.com.mk

Најнови вести

Коронавирус