недела, 19. септември 2021. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Познати

Соседите на Ана Николиќ ja разоткрија пејачката како се однесува приватно: „Позитивно нè изненади“

Соседите на Ана Николиќ ja разоткрија пејачката како се однесува приватно: „Позитивно нè изненади“

Соседите на Ана Николиќ имале само пофални зборови за пејачката, па велат дека пејачката е духовита кога разговара со нив.

– Често имаме прилика да ја видиме со ќерката Тара. Многу е пожртвувана мајка. Порано додека Тара беше дете не ја испушате од раце, често ја носеше. Сега кога порасно, често знаат да прошетаат низ крајот, до ресторанот, а Ана кога ќе не сретне знае да поразговара со нас. Морам да кажам дека секогаш знае да каже некоја шега што ќе не насмее. Многу е смешна додека зборува, во позитивна смисла. Никој не очекуваше дека ќе биде толку пожртвувана мајка. Сите мислевме дека ќе има дадилки, дека некој друг ќе се грижи за детето. Многу не изненади и тоа на позитивен начин, изјави сосетката на Ана.

Уште една госпоѓа имала само пофални зборови за Ана.

– Нашата Анчи. Колку ослабе, претера. Подобро да останеше малку подебелка, таа е наша кукла. А и овој нејзиниот често доаѓа, го видов како го паркира бесниот автомобил. Ќе ја земем ќерката, ќе бидат неколку часа заедно и кога ќе ја врати малечката ќе излезе од кола со неколку ќеси со играчки. Тој не беше за неа. И треба некој постар, позрел маж, да ја води низ животот, да и биде поддршка. Овој Раста или како да се вика е млад човек, никогаш не беше дома. Често ја посетуваат и мајката и братот. Мајка и е како девојче, дури кога ја видов нејзината мајка сфатив на кого е убава Ана, вели повозрасната госпоѓа и вели дека често може да види што се случува во дворот на пејачката.

– Има и една жена која доаѓа да и чисти. Мислам дека Ана руча по рестораните, не знае да готви. А и зошто да готви, не е луда. Жена како неа треба да биде убава и да се грижи за детето. Може да заработи и да се храни по рестораните. Секогаш носи некои ќеси. Често ја гледам како се фотографира по улица, па се мести, а на момците од зграда ќе им испаднат очи, но никој нема храброст да и се приближи. Само девојчињата бараат да се фотографираат со неа, вели сосетката.

Од продавницата велат дека ретко имаат прилика да ја видат пејачката.

– Често доаѓа да земе овошје и зеленчук. Баш е љубезна. Ако не се брза, тогаш разговара со нас. Секогаш е насмеана, никогаш не сум ја видела нерасположена, а знае и да остави бакшиш, вели продавачката.

Најнови вести

Коронавирус