среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 159
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Познати

Соседите гневни на Дара Бубамара: Се паркира каде ќе стигне – со „ѕвер“ од 150.000 евра им го попречува патот (ФОТО)

Соседите гневни на Дара Бубамара: Се паркира каде ќе стигне – со „ѕвер“ од 150.000 евра им го попречува патот (ФОТО)

Музичката фолк ѕвезда Дара Бубамара многупати била фатена во сообраќајни прекршоци, а високите казни што и биле изречени не ја „научиле лекција“, туку продолжила како порано.

Утринава русокосата пејачка направи уште еден прекршок, кога го паркираше својот луксузен автомобил, за кој во 2019 година искешира неверојатни 150.000 евра, ни помалку ни повеќе туку на тротоар, а да биде уште полошо – го блокираше влезот во пешачки премин.

Гневните сограѓани на пејачката веднаш препознале дека тоа е нејзиниот автомобил поради импресивните регистерски таблички и се пожалиле на локалните медиуми, на чија страница на Инстаграм се појавила фотографија од местото на настанот.

Корисниците на Твитер исто така препознале дека тоа е автомобилот на Дара.

„Оваа кукла секогаш прави така кога оди во бутик или кај Барон на шишање, што е пет пати неделно“ – напишал еден корисник на Твитер.

Коронавирус