четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 45
home Познати

Сораја се омажи, ова се сите детали за тајната венчавка

Сораја се омажи, ова се сите детали за тајната венчавка

Старлетата Сораја Сара Вучелиќ пред неколку дена била приведена поради прекршуавње на црногорските мерки за заштита и спречување на ширење на коронавирусот, а како последница на тоа српски „Ало“ откри дека таа е мажена откако дошле до информација дека на записникот стои името Сара Вучелиќ-Масони.

Оваа вест како бомба одекна во српските медиуми. „Ало“ пишува дека старлетата тајно се омажила пред четири месеци во Амстердам.

Извор за порталот тврди дека таа една година го крие својот партнер, па поради тоа и плановите за мажење ги чувала во тајност.

-Сара веќе со години не го открива својот приватен живот, па со самото тоа никој не знаеше колку нејзиниот однос со тој бизнисмен е сериозен. Неколку пријатели знаеа дека таа има некој во Холандија, дека оди кај него не месец, два, но никој не претчувствуваше дека ќе дојде до венчавка, вели изворот додавајќи дека Сораја на почетокот на декември изненадила неколку пријатели кога им соопштила дека ќе стапи во брак.

Изворот додава дека таа отпатувала во Амстердам два десеци пред венчавката, како и дека на истата присутни биле само кумовите и неколку пријатели.

-Многумина замислуваа дека кога Сораја ќе го најде правиот ќе се омажи помпезно, ќе направи гала прослава за 500 лица, ќе смени пет венчаници. Наспроти тоа, таа овика три пријателки и се омажи во тајност. Нејзиниот партнер, господин Масони, повика пет пријатели, па после формалниот дел отидоа во најскапиот ресторан за да прослават. Важно е дека таа е среќна и својата одлука ја смета за исправна. Со тој човек навистина е исполнета, а нема сомнеж дека е мангуп кога успеа да ја фати Сара која од брак бегаше како ѓавол од крст. По венќавката, двајцата отидоа во Франција, вели изворот за „Ало“.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија