Половина естрада е во паника бидејќи популарната старлета Сораја пишува книга. Таа одлучила да ја заинтригира јавноста со детали од својот живот за кој не се знае речиси ништо, а низ анегдоти ќе спомене и бројни јавни личности.
Познато е дека таа се дружи со најмоќните и најпопуларни лица во Србија. Со сите минала низ разни ситуации за кои ќе пишува во својата книга.
-Толку многу се пишуваше и зборуваше за мене што мислам дека е жално да не објавам книга. Некогаш не бев во ситуација да одговорам на некои прозивки или трачеви, па така сега вистината за се ќе биде обелоденета, вели Сораја.
Како што пишува Информер, таа ќе открие се за палењето и уништувањето на нејзините скапи автомобили, со поврзувањето на многу контроверзни лица од политиката, криминалот, бизнисот и естрадата.
Сораја е свесна дека книгата ќе предизвика вистински хаос, но не ја интересира што јунаците од нејзините приказни не сакаат некои тајни да се дознаат.
-Мене навистина ми е жал што некои нема да можат мирно да спијат додека книгата не ја здогледа светлоста на денот, да бидат дали се и како се опишани во неа. Ќе има и такви на кои нема да им биде добро кога ќе се промовира романот. Секој по заслуга. Постојат личности кои се огрешиле од мене, па некои работи ќе бидат разјаснети. Ќе има и работи кои само ќе бидат споменати за читателите да погодуваат за која личност станува збор. За оние кои преку мојот грб сакаа маркетинг ќе има посебно поглавје, вели Сораја.
Таа додава дека уште на самиот почеток се соочува со „проблем“ бидејќи имала доволно материјал за два романи, а доколку се смести во еден ќе останела недокажана.
Сораја додава дека никој нема да може да ја запре и да ја цензурира.
-Јас сум сама господар на својот живот и го живеам како што сакам, никој не може да ми се меша, децидна е старлетата.