четврток, 13. август 2020. Вести денес: 119
home Познати

Сопственикот на Формула 1 Берни Еклстоун стана татко на 90 години

Сопственикот на Формула 1 Берни Еклстоун стана татко на 90 години

Сопственикот на Формула 1 на 90 години доби син и му даде симболично име.

Берни Еклстоун стана татко по четврти пат на 90-годишна возраст. Неговата сопруга, 44- годишната Фабијана Флоси, роди момче кого тие одлучија да го именуваат Ејс, што значи Ас.

Според британските медиуми, раѓањето траело само 25 минути.

„Го нарековме мојот син Ејс, јас сум горд“, рече Берни за Блик.

„Беше лесно, раѓањето заврши за 25 минути. Фала му на Бога“, додаде Фабијана.

Двојката за време на бременоста била во изолација во нејзиниот дом во Сао Паоло. Она што не е откриено е дали Берни присуствувал на пораѓањето, бидејќи според некои извештаи тој бил на воз за Спилберг во Австрија каде што ќе се одржи трката во Формула 1 овој викенд.

Претходно, Фабијана изјави: “Како и сите родители, ние имаме само една желба, детето да се роди здраво. Се надеваме дека никогаш нема да покаже интерес да се натпреварува во Формула 1.”

Берни има три ќерки, 65-годишната Дебора, која е родена од неговата прва сопруга Ајви Бамфорд, и 35-годишната Тамара и 31-годишната Петра, со хрватската манекенка Славица Радиќ. Три години по разводот од Славица, тој се оженил со Фабијана.

Берни се запознал со директорката за маркетинг во 2009 година, а се венчале во 2012 година.

Коронавирус