четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 165
home Познати

Сопругата на украинскиот фудбалер загина во страшна несреќа – камион и го смачка скапоцениот мерцедес и тоа на најважниот ден за него (ВИДЕО)

Сопругата на украинскиот фудбалер загина во страшна несреќа – камион и го смачка скапоцениот мерцедес и тоа на најважниот ден за него (ВИДЕО)

Викторија Данченко (27), сопругата на фудбалерот Олег Данченко, почина по тешка сообраќајна несреќа што се случила во Одеса.

Она што е дополнително трагично е што се` се случило истиот ден кога нејзиниот сопруг потпишал договор со Зорја од Луганск и се согласил да се врати во родната земја.

Според информациите кои доаѓаат од Украина, Викторија била зад воланот на мерцедесот на Олег, а сообраќајната несреќа се случила кога удрила во друг автомобил на патот. Нејзиното возило потоа било удрено од камион, а безживотното тело на Викторија пожарникарите го извлекле од искршениот автомобил.

Пожарникарите со часови имале проблеми да го извлечат телото на сопругата на фудбалерот од возилото, а автомобилот со кој се возела е целосно уништен. Според некои извори од Украина, причина за несреќата е преголемата брзина со која Викторија често се фалела.

Таа и пред сообраќајната несреќа во која загинала, се снимала себеси додека вози.

Олег Данченко (27) е поранешен млад репрезентативец на Украина, а во својата богата кариера го носеше дресот на Шахтјор, руски Рубин, АЕК Атина, како и бројни помали екипи.

Најнови вести

Коронавирус