четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 147
home Познати

Сопругата на Шумахер го прекина молкот шест години по несреќата

Сопругата на Шумахер го прекина молкот шест години по несреќата

Поминаа скоро шест години од кобната скијачка несреќа на Михаел Шумахер по која германскиот пилот се наоѓа врзан за болнички кревет.

Првпат откако се случи несреќата, во јавноста зборуваше неговата сопруга Корина која рече:

„Ние се обидуваме на секој начин да му помогнеме, во тоа може да бидете сигурни. Зошто е цела оваа тишина околу неговата состојба? Само ја исполнуваме желбата на Михаел целата ситуација да ја чуваме во тајност. Тој направи се за мене, морам и јас да го направам тоа за него“, вели сопругата на големиот Ф1 шампион.

Таа вели дека нејзиниот сопруг е во најдобри можни раце, а доколку има големи промени, јавноста веднаш ќе биде известена.

Коронавирус