петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 66
home Познати

Сопругата на Шон Конери открива од што боледувал: Еве како ги поминал последните денови

Сопругата на Шон Конери открива од што боледувал: Еве како ги поминал последните денови

Сопругата на славниот актер открива дека тој боледувал од деменција.

Легендарниот шкотски актер Шон Конери почина на 91 годишна возраст. Останува запаметен по бројните улоги, но пред се по онаа како најдобриот актер кој го одиграл тајниот агент 007, Џејмс Бонд.

По објавата за неговата смрт, семејството не ја кажа причината, но сега неговата сопруга Мишелин Рокебрин открива дека Конери боледувал од деменција.

-Тоа за него не беше живот. Во последните денови не можеше ниту да се изрази. Барем почина во сон, беше мирно. Цела ноќ бев со него, само замина. Тоа беше она што тој го сакаше. Имаше деменција и таа го земеша својот данок. Му се исполни последната желба, да замине без да се мачи, изјавила сопругата на актерот.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија