Валбурга Батева, сопругата на пејачот Момо Николовски, со емотивно обраќање на социјалните мрежи повторно побара помош за докажаниот фолк-уметник кој е сериозно болен.
-За мојот утрешен роденден имам само една желба – овој прекрасен човек да го прослави со мене и идниот, а и сите други кои Господ ќе ми ги даде. Драги пријатели, помогнете ми во остварувањето на оваа желба. За корисниците на ВИП, кој сака и може нека се јави на 143 462, Благодарам, ве сакаме, напиша сопругата на популарниот македонски пејач.