недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Познати

Соочија Македонци: Двајцата имаа одлични настапи, па продукцијата се уплаши да не загуби еден и направи неочекуван потег

Соочија Македонци: Двајцата имаа одлични настапи, па продукцијата се уплаши да не загуби еден и направи неочекуван потег

Бидејќи се ближи крајот на оваа сезона од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, кругот од најдобрите се стеснува.

Овој пат во дуел од трет за четврти круг се напреваруваа кандидатите на  Јелена Карлеуша и Вики Миљковиќ, односно нашите Филип Пецовски и Стефан Величковски.

Иако ова на некој начин значеше дека еден од нив може да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, бидејќи само еден кандидат продолжува директно, тоа нема да се случи, иако според приложената снимка на телевизија, Величковски не доби пласман за понатаму.

Стефан пред неколку дена на својот „Фејсбук“ се пофали со новите успеси во музичкото шоу, односно дека поминал  во четвртиот круг, што веројатно се случувало зад камерите, а Вики Миљковиќ му дала златен глас за да го врати.

Иако имаше одлична изведба, Стефан доби само два гласа од Ѓорѓе Давид и Марија Шерифовиќ, токму тоа ја распламти Вики Миљковиќ како негова менторка, која почна да им вика на колегите „како не им е срам“ за тоа што му го направиле.

Таа почна да плаче, па го напушти студиото.

Саша Поповиќ исто така кажа дека Стефан не е кандидат за излегување, но мораше да и спомене на Вики дека ќе треба да го врати со златен галс.

Токму поради тоа веројатно, откако се исклучиле камерите, се случувала дополнителна драма, но сепак Стефан повотрно ќе го гледаме во четвртиот круг иако на крајот од шоуто кое се прикажуваше на телевизија, тој не беше меѓу оние кои одат понатаму.