четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 72
home Познати

Солзите во кралското семејство не може никој да ги сопре- тажната вест едвај ја соопштија војвотката Кејт и принцот Вилијам (ФОТО)

Солзите во кралското семејство не може никој да ги сопре- тажната вест едвај ја соопштија војвотката Кејт и принцот Вилијам (ФОТО)

Војвотката и војводата од Кембриџ, 38 годишната Кејт Мидлтон и 38 годишниот принц Вилијам, преку социјалните мрежи споделија дека нивниот омилен миленик Лупо починал.

Кралското куче го дружело семејството во изминатите девет години. Кејт и Вилијам велат дека многу ќе им недостига.

„Многу ни е жал. Да изгубиш миленик, кој бил дел од семејството, никогаш нема да биде едноставна работа. Кучињата се прекрасни животни. Срцата ни се скршија кога дознавме дека го изгубивме. Лупо беше прекрасен. Ќе ни недостига на сите“, биле некои од коментарите на пријателите на Кејт и Вилијам, кои имале можност да го запознаат и да си играат со Лупо.

Британски „Мирор“ пренесува дека Кејт го добила Лупо како подарок од нејзините родители Мајкл и Керол Мидлтон. Лупо и правел друштво на Кејт, кога Вилијам бил отсуствен поради воените обврски. Кучето одиграло главна улога во изборот на имињата на нивниот најстар син, Џорџ.

Кога кралската двојка се одлучувала за името на принцот, тие напишале неколку на хартиени ливчиња. Лупо токму го одбрал ливчето на кое го пишувало името Џорџ.

Коронавирус