вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 166
home Познати

СОЛЗИТЕ САМИ ЌЕ ВИ ТЕЧАТ: Учесник во хрватскиот „Супер талент“ ја бара својата изгубена сестра, неговата приказна ќе ве растажи (ФОТО)

СОЛЗИТЕ САМИ ЌЕ ВИ ТЕЧАТ: Учесник во хрватскиот „Супер талент“ ја бара својата изгубена сестра, неговата приказна ќе ве растажи (ФОТО)

Симпатичниот учесник Анте Драгојевиќ (19) кој регионот имаше прилика да го запознае во хрватското реално шоу „Супер талент“ во кое се претстави со необичен и чуден талент на мрдање веѓи иако не помина понатаму, овие денови е повторно топ тема во сите медиуми.

Имено Анте преку својот Фејсбук профил ја бара својата изгубена сестра Ивана.

Ивана и Анте биле заедно во дубровничкиот дом „Маслина“, а по некое време биле раздвоени бидејќи Ивана била посвоена.

Денеска на нејзиниот роденден тој има најголема желба повторно да ја пронајде својата сестра.

-Среќен ти роденден, те сака брат ти 12.11.2001 родена си во Дубровник. Името ти е Ивана Драгојевиќ (најверојатно променето). Бевме заедно во домот „Маслина“ во Дубровник, а потоа не одвоија нас. Ти си посвоена, а со години никако да те пронајдам. Сега имаш 18 години и никој не може да ни забрани да се сретнеме. Те молам јави се и ги замолувам сите луѓе да помогнат, напиша Анте.

Најнови вести