среда, 19. септември 2018. Вести денес: 169
home Познати

Солзите сами ќе ви течат: Сопругата на Оливер Драгојевиќ откри детали од последните денови на пејачот, а од еден детаљ ќе се воодушевите

Солзите сами ќе ви течат: Сопругата на Оливер Драгојевиќ откри детали од последните денови на пејачот, а од еден детаљ ќе се воодушевите

Сопругата на покојниот пејач Оливер Драгојевиќ, Весна, рече дека сè уште не може да поверува дека го нема нејзиниот сакан, и раскажа како тој ги поминал последните денови во болница.

Еден месец по смртта на познатиот музичар, Весна сè уште се бори самата со себе.

„Сè уште ми доаѓа да го повикам на вечера. Во последните три или четири дена тој не зборуваше, само спиеше. Тој беше оптимист до крај. Целиот ден го поминувавме со него во болница. Му готвев ручек и го хранев. Тоа беше сè што можевме да направиме. Му ги пуштавме песните што сакаше да ги слуша. Ние се однесувавме како ништо да не се случило. Тој беше малку подобро, па малку полошо. Ние не му кажавме: „Сега е готово”. Ние сме сложно семејство, нема кавги. Немавме никакви долгови, и тој беше мирен бидејќи знаеше дека сме добро”, рече таа.

Таа им рече на хрватските медиуми дека простување од некого не постои…

„Не знам што да кажам. Еве, ние сме добро. Бевме подготвени на сè, иако никогаш не можеш да бидеш подготвен на сè. Знаевме како ќе оди. Никогаш не се случило некој да рече нешто, а потоа да умре. Човекот се гаси. Така е тоа. Простувањето не постои“.