сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 37
home Познати

Софија Вергара и Џо Мангинело: Најзаљубениот пар од црвениот тепих со интересна приказна

Тие ја враќаат вербата во љубовта.
Софија Вергара и Џо Мангинело: Најзаљубениот пар од црвениот тепих со интересна приказна

Иако во Холивуд има неколку омилени парови, Софија Вергара и Џо Мангинело се едни од најдрагите, но и најубавите.

Сексапилната Колумбијка и нејзиниот атрактивен сопруг на вчерашната премиера на филмот „Ready Player One“ покажале колку се сакаат, а како што пренесуваат светските медиуми со својата енергија и љубов ја враќаат вербата во љубовта кај луѓето.

Џо вообичаено се појави во елегантно одело, а Софија се појави во фустан со цветен дезен и А крој, што е еден од нејзините омилени модели кои ги носи на црвениот тепих.

Парот се запозна во 2014 година, откако Софија ја прекина претходната веридба, а само шест месеци подоцна Џо клекна пред убавицата за време на заедничкиот одмор на Хаваите. Ракошната венчавка се одржа во ноември 2015 година во Флорида.

-Бев на турнеја кога дознав дека Софија повторно е сама. Го најдов нејзиниот број од еден нејзин колега и одлетав во Њу Орлеанс за да ја изнесам на вечера, низ смеа во една прилика раскажал Џо кој признал дека таа отсекогаш му се допаѓала, но била зафатена.

Од друга страна, актерката открила дека на почетокот се чувствувала многу старо покрај сопругот кој е 5 години помлад од неа, поради што изнесно време не сакала да излезе со него.

-Не сакав да се натпреварувам со други за неговото внимание. Мислев дека сум престара да се борам со други жени, кои „фрлија“ око на него. Така и му кажав: Презгоден си, тоа ќе биде премногу работа за мене и не сакам да излезам со тебе, искрено признава Софија.

За нивна среќа, таа подоцна го сменила мислењето.

Најнови вести

Коронавирус