недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 62
home Познати

СОФИЈА МИЛОШЕВИЌ БРЕМЕНА ПО ВТОР ПАТ: Среќните вести ги сподели со следбениците, а откри и кој пол е бебето (ФОТО)

СОФИЈА МИЛОШЕВИЌ БРЕМЕНА ПО ВТОР ПАТ: Среќните вести ги сподели со следбениците, а откри и кој пол е бебето (ФОТО)

Фудбалерот на Реал Лука Јовиќ и Софија Милошевиќ повторно чекаат бебе! Моделот ја објави одличната вест на социјалните мрежи, нагласувајќи дека не може повеќе да издржи.

– Едвај чекав да ја споделам оваа добра вест со вас – напиша Софија.

Да потсетиме, Софија и Лука го добија синот Алексеј, на 8 септември минатата година, тој е првото дете на Софија, додека Јовиќ го има наследникот Давид од претходната врска со Анѓела Маниташевиќ.

– Колку и да бев подготвена за улогата на мајка, сепак не бев. Кога ќе го видам син ми навечер пред спиење, си повторувам: „Боже, имам син“. Прекрасно и неверојатно чувство. Мојата цел е да го научам да биде добар човек пред се, да ги почитува сите луѓе околу него и вистинските вредности во животот, да размислува со глава и да биде вреден и чесен. Тоа ќе биде мојот најголем успех – изјави неодамна Софија Милошевиќ.

Српската манекенка на почетокот на септември на Инстаграм напиша дека би сакала нејзиното второ дете да биде девојче, но не и се исполни таа желба овој пат. Како што информира таа, повторно очекува машко дете.

Коронавирус