сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 11
home Познати

Со оваа промена Џони Деп сервираше одмазда на поранешната сопруга

Со оваа промена Џони Деп сервираше одмазда на поранешната сопруга

Холивудскиот актер Џони Деп не престанува да ја изненадува и шокира јавноста, а сега се одлучил преку тетоважата “Slim“ (слаба), која била наменета за неговата поранешна сопруга Амбер Херд, да напише “Scam“ (измама).

Slim беше прекарот кој ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ и го дал на својата тогашна сопруга, а кој тој го истетовирал на својата рака. Меѓутоа неговата тетоважа првата доработка ја претрпе веднаш после бурниот развод.

Наместо “slim” актерот прво тетоважа ја променил во “лошотија“, а сега во “измама“ (scam). Секако, изгледа дека актерот се уште не и простил на својата поранешна сопруга поради бурниот развод.

Потсетуваме, Амбер во текот на нивниот развод објави снимка на која се гледа како пијаниот Деп и се заканува и фрла шише и други предмети кон неа.

Деп не менува за прв пат своја тетоважа. Додека во 1990 година се забавуваше со Винона Рајдер на своето тело напиша „Винона засекогаш“, за после раскинувањето да напише “Вино засекогаш“.

Коронавирус