петок, 13. декември 2019. Вести денес: 124
home Познати

Со момците немаше среќа, а сега остана и без девојката

Со момците немаше среќа, а сега остана и без девојката

Кога јавноста дозна дека Мајли Сајрус и Кејтлин Картер се во врска, тие две станаа речиси најследените девојки на планетата.

Каде и да се појавеа – папараците ги ловеа, а тие не се трудеа ниту да ги игнорираат, уживајќи една покрај друга.

Меѓутоа, како што пишуваат масовно странските медиуми сега, тие две сепак одлучиле повеќе да не бидат во романтична врска и тоа затоа што пријателската врска која ја имаат им е многу посилна.

„Секако дека ќе останат блиски, но само како пријателки“, раскажал извор за “People“.

„Тие многу време се дружат и од почетокот беа една покрај друга додека траеше разделувањето. Но, едноставно повеќе не се во љубовна врска“, раскажал друг извор.

Да потсетиме, Мајли после 8 месеци брак и 10 години врска, го остави актерот Лиам Хемсворт, а Кејтлин раскина со Броди Џенер. Броди е Ди-џеј и познато ријалити лице, син на Кејтлин Џенер, претходно познат како Брус Џенер – пензиониран добитник на златен медал на Олимписките игри.

Мајли и Лиам наводно раскинале поради различни планови за иднината. Актерот сакал семејство, но Мајли сè уште немала такви планови.