петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Познати

Со „Мики Милане“ се прослави низ Балканот а таа искористи шанса и ѝ се обрати на својата колешка: „Душманите сакаат да нè скараат“

Со „Мики Милане“ се прослави низ Балканот а таа искористи шанса и ѝ се обрати на својата колешка: „Душманите сакаат да нè скараат“

Фолк-пејачката Вера Матовиќ повторно стана една од најбараните јавни личности, бидејќи, како што истакна и самата, поради славниот хит „Мики, Милане“, станала толку популарна што едвај успева да стигне до сите гостувањата.

Вера сега истакна дека во медиумите не „клевети“ ниту една своја колешка како Нада Топчагиќ или Ера Ојданиќ и дека сите тие се нејзини драги колеги, како и дека не се натпреварува со нив.

– Не реков ништо против Нада и нејзините хитови. Не сакам никој да ме скара со моите колеги. Јас сè уште велам: „Нале, непријателите сакаат да не караат“ – и се обрати таа јавно на својата колешка на ТВ Токсик.

Да потсетиме, најпопуларни пејачки во Србија и околните држави во Балканот во моментов се Нада Топчагиќ и Вера Матовиќ, благодарение на хитовите што ги отпеаја, а кои станаа вирални на социјалните мрежи.

Хитот на Нада „Јутро је“ стана планетарен хит поради Златан Ибрахомовиќ, а песната на Вера „Мики, Милане“ стана апсолутен „владетел“ на социјалните мрежи.

Коронавирус