среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 73
home Познати

Со месеци собирала пари – сопругата на пејачот за роденден му купила подарок вреден 10 илјади евра

Со месеци собирала пари – сопругата на пејачот за роденден му купила подарок вреден 10 илјади евра

Шако Полумента го прослави 58 роденден во кругот на семејството и пријателите во Црна Гора, а најголемо изненадување му приредила сопругата Весна.

Таа со месеци се подготвувала и штедела, за да му купи часовник од 10.000 евра.

Весна и Шако се заедно повеќе од 20 години и многу работи поминале заедно. Отсекогаш се грижеле еден за друг и им значеле заедничките прослави.

По традиција, семејството се собира на едно место и се слави неколку денови. Весна неколку месеци размислувала што би можела да му купи на Шако и се сетила дека нејзиниот сопруг е вљубеник на скапоцени часовници, па одлучила да му купи часовник. Како што информираат српските медиуми, кога Шако го видел подарокот заплакал од среќа.