четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Со Берлускони беше во брак 24 години, се соочи со низа секс-скандали: Како изгледаше некогаш, а каква е денес Вероника? (ФОТО)

Бракот им беше исполнет со политички и секс афери. Разводот на неа и донесе рекордна сума за алиментација од 1,4 милиони евра месечно.
Со Берлускони беше во брак 24 години, се соочи со низа секс-скандали: Како изгледаше некогаш, а каква е денес Вероника? (ФОТО)

Како е да се биде сопруга на Силвио Берлускони, контроверзниот италијански бизнисмен и политичар, најдобро знае Вероника Ларио која со него беше во брак цели 24 години.

Атрактивната Вероника за Силвио се омажи во 1990-та година, а официјално се разведоа во 2014-та.

Бракот им беше исполнет со политички и секс афери. Разводот на неа и донесе рекордна сума за алиментација од 1,4 милиони евра месечно.

„Берлускони со 30 години помлада девојка“, „Љубовницата на Берлускони стана министерка“. Ова се само дел од насловите со кои мораше да се соочи некогашната негова сопруга.

Која е Вероника?

Убавицата денес има 61 година. Родена е како Миријам Рафаела Бартолини. Пред да се омажи со Берлускони работеше како актерка, а најмногу улоги имаше во театар. Откако стана госпоѓа Берлускони, таа се откажа од кариерата и му се посвети на семејството.

Како сопруга на поранешниот италијански премиер, постојано беше во центарот на јавните случувања. Но, сепак сама се избори за местото на објективите. Таа изгледа толку впечатливо што сите гледаа во неа.

Со Силвио има три деца. Често ја критикуваа дека претерала со пластичните операции. Фотографиите од нејзината младост се доказ дека хирургијата не е “виновна“ за убавината на Вероника. Таа отсекогаш изгледала одлично.

Најнови вести

Коронавирус