недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 96
home Познати

Снимија безброј секс сцени во култната серија, но Саманта го откри најодвратното искуство

-Понекогаш се прашував како ќе го изведам тоа. Но, го сакав својот лик бидејќи Саманта отиде чекор подалеку, онаму каде ниту една жена не отишла. Беше постара, искусна, свесна за себе, рече Ким.
Снимија безброј секс сцени во култната серија, но Саманта го откри најодвратното искуство

Ким Катрал денес е една од актерките која во својата кариера има најголем број снимени секс сцени.

Таа ја играше улогата на Саманта во „Сексот и градот“, а таа улога буквално ја обележа за цел живот.

Речиси да не постоеше епизода во која Саманта не доживува сексуална авантура. Ким вели дека не било лесно постојано да снима дискутабилни сцени.

Некогаш тоа било непријатно, ретко и грозно, а некогаш деградирачки за неа.

-Понекогаш се прашував како ќе го изведам тоа. Но, го сакав својот лик бидејќи Саманта отиде чекор подалеку, онаму каде ниту една жена не отишла. Беше постара, искусна, свесна за себе, рече Ким.

Таа вели дека едно снимање никогаш нема да излезе од нејзината глава, ама не го помни по добро.

-Снимавме сцена во која тој беше горе, а тогаш наеднаш се сруши врз мене и гласно испушти гасови. Како да се онесвести. Се скаменив и помислив дали тоа го направи намерно. Ме смачка и ме остави во силна, непријатна миризба, раскажа актерката.

Ким не откри за кој од многубројните сексуални партнери станува збор, но додаде дека за овој “инцидент“ има образложение.

-На крајот се покажа дека пред снимањето на сцената, актерот напорно вежбал и бил на строга диета. Не јадел ништо цел ден. Поради тоа се онесвестил во тој момент, а потоа несвесно му се случило и така гласно да испушти гасови кои смрдат. Мене тоа ми е најодвратното искуство на снимање, беше искрена 62-годишната актерка.

Коронавирус