четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 147
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Познати

Слоба Радановиќ на Нова Година доживеал инфаркт, па веднаш бил пренесен во болница?

Слоба Радановиќ на Нова Година доживеал инфаркт, па веднаш бил пренесен во болница?

Слоба Радановиќ и покрај смртта на неговиот татко кој почина на 31 декември, успеа да собере сили да го одржи својот однапред закажан настап за Нова година, но сведоци тврдат дека на пејачот му се слошило и бил пренесен во болница.

-Додека сите си честитаа едни на други, на Слоба му се кршеше срцето. Болката и тагата по неговиот починат татко толку многу го скршија, па тој веднаш по настапот влезе во автомобилот и се упати кон својот дом, но му се слоши. Почна да се гуши во автомобилот, го стегаше во градите. Претпоставуваме дека доби инфаркт бидејќи тоа се симптоми за срцев удар, вели пријател на Слоба и додава:

„Веднаш го однесовме во болница на ВМА. Докторите констатираа дека е инфаркт, но кога ги направија сите потребни анализи испадна дека станува збор за прединфарктна состојба. Поминавме неколку часа во болница. Слоба примаше неколку инфузии и нешто за смирување. Притисокот му беше висок, едвај го намалија“ тврди изворот за Свет“.

-После тоа отидовме дома, па следеше погребот на неговиот татко. Слоба е многу врзан за неговите родители, со месеци сакаше да му помогне неговиот татко, го носеше на лекар и правеше се што може да му помогне. Никој од нас не очекуваше дека ќе се случи вакво нешто. Пред да почине, Слоба го посети заедно со Јелена“тврди пријателот на Радановиќ.

Пејачот не се огласи по повод овие пишувања.

Вистина.мк

Коронавирус