понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 175
home Познати

Следбениците во „Инстаграм прашања“ ја „чепнаа“ Кристина Димитриевска за љубовниот живот: „Имаш ли момче?“

Следбениците во „Инстаграм прашања“ ја „чепнаа“ Кристина Димитриевска за љубовниот живот: „Имаш ли момче?“

Македонскиот модел и мисица, Кристина Димитриевска е активна на „Инстаграм“ каде што редовно знае да се пофали со своите професионални успеси, ангажмани, нови проекти….

На нејзина сметка често пристигнуваат комплименти за нејзиниот изглед, но и за нејзиниот став, па оние кои ја следат на социјалните мрежи знаат да и напишат дека е многу нормална девојка.

Кристина Димитри како што е запишана на Инстаграм овој пат одговараше на прашања на нејзините фанови, а неколку од нив беа и заинтеренсирани за нејзиниот љубовен живот.

„Имаш ли дечко?“, гласеше едно од прашањата, а Димитриевска одговори:

-Имам љубов, али коме да ја дам“.

ФОТО: ПРИНТКСРИН/ИНСТАГРАМ/КРИСТИНА ДИМИТРИ

 

Димитриевска неодамна гостуваше во емисијата  „Саrpool karaoke“ на Стефан Лазаров, па сега фановите ја прашаа мисицата дали се повеќе од пријатели, а таа одговори.

-Да, многу добри пријатели.

ФОТО: ПРИНТКСРИН/ИНСТАГРАМ/КРИСТИНА ДИМИТРИ

Зошто и Стефан Лазаров, не сте пар?

-Затоа што секој си има свој пар“, одговори Димитриевска

ФОТО: ПРИНТКСРИН/ИНСТАГРАМ/КРИСТИНА ДИМИТРИ

Исто така, добро познато е дека Кристина е добра пријателка и со учесникот во „Парови“, Ненад Маринковиќ – Гастоз, па многумина тврдат дека тие би биле одлична двојка.

„Колку убав пар би биле ти и Ненад“… гласеше еден коментар, а Кики одговори:

-Toj e мој пријател кој многу го сакам и почитувам. Исто така истакна дека со задоволство би снимила дует со Гастоз ако има прилика за тоа.

ФОТО: ПРИНТКСРИН/ИНСТАГРАМ/КРИСТИНА ДИМИТРИ

 

ФОТО: ПРИНТКСРИН/ИНСТАГРАМ/КРИСТИНА ДИМИТРИ

Инаку, Кристина неодамна беше гостинка во емисијата „Упознајте Парове“ па доби многу комплименти за нејзиниот изглед, но и за тоа како би била совршена партнерка на Гастоз.

Потсетуваме, Димитриевска беше во брак со македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, а заедно го имаат синот Давид.

Најнови вести

Локални избори 2021