петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Славниот продуцент е прогласен за виновен за силување и сексуално вознемирување

Славниот продуцент е прогласен за виновен за силување и сексуално вознемирување

Американскиот продуцент Харви Вајнстин денеска е прогласен за виновен за силување и сексуално вознемирување, јави Си-Ен-Ен.

Од 2017 година повеќе од 80 жени го обвинија Вајнштајн за сексуално вознемирување, со што почна  движење, во кое жените изнесуваат јавни обвиненија против моќни луѓе од деловниот свет, но и од шоу-бизнисот и политиката.

Вајнстин е прогласен за виновен за сторено сексуално кривично дело врз една жена и силување друга жена.

Поротата во судот во Њујорк, сепак, го ослободи од натамошно гонење овој осрамотен холивудски продуцент за многу посериозните обвинувања за грабежлив сексуален напад врз две жени, Миријам Хејли и Џесика Ман. Имено, за овие обвинувања тој можеше да добие казна доживотен затвор.

Но, поротниците соопштија дека без сомнение утврдиле дека Вајнстин, исто така, ја силувал Анабела Скиора, уште една жртва чие сведочење обвинителите го користеа во обидот да го утврдат грабежливото однесување на продуцентот.

 

Коронавирус