петок, 23. август 2019. Вести денес: 1
home Познати

Славниот пејач откри малку познати детали од неговиот живот: Многу секс, дрога и …

Славниот пејач откри малку познати детали од неговиот живот: Многу секс, дрога и …

Славниот пејач Елтон Џон даде свој коментар за филмот „Рокетмен“, снимен според неговиот живот, а посебно зборуваше за неговата сексуалност и зависноста од дрогите, пренесуваат англиските медиуми.

Пејачот во филмот го глуми британскиот актер Тарон Егертон, а неговиот прв љубовник Џон Рид, актерот Ричард Маден. Во филмот е прикажана и сцената од нивниот прв секс, за која Елтон вели дека се случила токму така.

-Горд сум на тој факт. Можеби на некои луѓе тоа нема да им се допадне и тоа можам да го разберам, но ако го нема тоа во филмот би се чувствувал дека ги лажам луѓето. Тоа се случи кога имав 23 години, до тогаш бев невин. Очајно сакав да почувствувам љубов и да имам физичка врска, раскажал Елтон Џон за британските медиуми.

Потоа, тој ја открива и својата зависност од дрога, како и детали од животот со партнерот Дејвид Фарниш.

-Уште имам темна страна, но тоа не трае долго, бидејќи ги имам Дејвид и децата. Никогаш не мислев дека би можел да бидам во врска 25 години, бидејќи врските брзо ми завршвуваа во младоста поради дрога, признава пејачот.

Елтон Џон раскажал и дека во младоста постојано бил на турнеи и под дејство на дрога, но дека целото тоа сега е зад него.