вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 88
home Познати

Славниот актер стана татко по четврти пат

Славниот актер стана татко по четврти пат

Американскиот актер и комичар Кевин Харт (41) и неговата сопруга Енико Харт (36) пред три дена станаа родители на девојче.

Сопругата на актерот објави илустрирана слика на својот Инстаграм профил на која пишува „9 месеци се подготвував да се вљубам за цел живот“.

Енико открила дека девојчето се вика Каори Меи Харт и дека веќе им ги „украла“ срцата. Брачниот пар е пресреќен за својата принова.

Енико и Кевин се во брак од 2016 година и го имаат синот Кензо Кеша (2). Комичарот претходно беше во брак со Тореј Харт од 2003 до 2011 годинак со која имаат две деца Хејвеј (15) и синот Хендрикс (12).

Најнови вести

Коронавирус