четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 0
home Познати

Славната „очајна домаќинка“ приведена: Правела тешки кривични дела само за да си ги запише ќерките на универзитет

Славната „очајна домаќинка“ приведена: Правела тешки кривични дела само за да си ги запише ќерките на универзитет

До заби вооружени агенти вчера упаднаа во домовите на холивудските ѕвезди поради обид преку мито и фалсификувани документи да си ги запишат децата на престижни универзитети.

Актерката Фелисити Хофман и сопругот на актерката Лори Лафлин, Масимо Џанули се ослободени од притвор со кауција, откако беа уапсени во големиот скандал со давање мито за запишување на престижни универзитети, заедно со уште 48 богати родители.

Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки” е пуштена со кауција од 250.000 долари. Се товари дека платила 15.000 долари прикриени во облик на донација за да биде преправен резултатот од тестот на нејзината ќерка за упис на факултет.

Така ќерката добила 1420 поени, односно 400 поени повеќе отколку на тестот што го пополнила една година претходно, а требало да послужи за упис на факултет.

Во обвинението се наведува дека во измамата учествувал и нејзиниот сопруг, актерот Вилијам Мејси, кој се согласил со планот за да им се помогне при уписот на двете ќерки, 18-годишната Софија и 16-годишната Џорџија.

Актерката е снимена како излегува од притворот и избегнува да одговори на прашањата на новинарите.

Најнови вести