понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 45
home Познати

Славната манекенка итно пренесена во болница во петтиот месец од бременоста

Славната манекенка итно пренесена во болница во петтиот месец од бременоста

Криси Тајген (34) го очекува своето трето дете со сопругот, музичарот Џон Леџенд. Двајцата веќе ги имаат ќерката Луна (4) и синот Мајлс (2).

Во неделата вечер, Криси сподели видео од нејзиниот болнички кревет во кое објасни дека крвавењето се влошило откако веќе со недели лежела во креветот. Таа завршила во болница поради обилното крвавење.

-Одмарав во креветот неколку недели и тоа е како, супер сериозен одмор во кревет – објаснила таа на Инстаграм.

„Станувам набрзина да одам до тоалетот и тоа е тоа, се бањам двапати неделно без да се туширам. Што е можно помалку“, продолжила манекенката.

„Постојано крвавам. Јас сум на половина од бременоста, а крвавам веќе еден месец – можеби помалку. Но, јас зборувам за нешто што е подолго од вашата менструација, девојки, и дефинитивно е позабележително. Многу луѓе забележуваат крвавење и тоа е обично во ред, но моето е навистина обилно.“

Криси продолжила: „Едноставно кажано, мојата плацента е навистина, навистина слаба“.

Манекенката продолжи за да ги смири обожавателите за здравјето на своето неродено дете и додала:

„Значи, јас се чувствувам навистина добро, бебето е толку здраво. Тоа напредува подобро од Луна или Мајлс. Многу се движи и започна многу порано од претходните две.“

Коронавирус